Што значи ова за патниците?
Побрзо и поедноставно пријавување – сè се прави преку апликацијата myRyanair.
Без дополнителни трошоци за пријавување – сите патници се пријавуваат онлајн.
Повеќе еколошки патувања – се заштедуваат над 300 тони хартија годишно.
Подобра контрола на патувањето – ажурирања на летови и порти (гејт) во реално време.
Речиси 80 проценти од патниците веќе користат дигитални билети, а Ryanair сака да се погрижи сите патници да уживаат во придобивките од побрзо и полесно пријавување
Што има ново во апликацијата myRyanair?
- Опција Order to Seat – нарачајте пијалоци или закуски веднаш од вашето седиште
- Известувања за летови во реално време – добивајте информации за портата, одложувањата и промените
- Точни ажурирања од оперативниот центар на Ryanair
- Алтернативи за откажување – побрзо наоѓајте заменски летови
Зошто Ryanair ја воведува оваа промена?
Оваа иницијатива не е корисна само за патниците, туку и за животната средина. Со дигитализирање на билетите, Ryanair елиминира повеќе од 300 тони отпад од хартија годишно, со што значително се намалува загадувањето.
„Време е за промена. Како што концертите, спортските настани и железничкиот транспорт веќе се префрлија на дигитални билети, авиокомпаниите го следат примерот.
„Со тоа што поголемиот дел од нашите патници ја користат апликацијата myRyanair, преоѓањето на 100% дигитални карти за летовите ќе овозможи побрзо, полесно и поодржливо патување“, рече Дара Брејди, CMO на Ryanair.
Како да се подготвите за промена?
- Преземете ја апликацијата myRyanair (достапна за Android и iOS)
- Регистрирајте се и внесете ги вашите податоци.
- За време на пријавувањето, генерирајте дигитален билет
- По пристигнувањето на аеродромот, само скенирајте го QR-кодот на вашиот телефон, пренесува putoholičari.net
