„Виз Ер“ ќе лета кон Барселона два пати неделно – секој вторник и сабота. Кон Лион, летовите ќе се одвиваат три пати неделно: вторник, четврток и сабота. Билетите се веќе достапни преку официјалната веб-страница на авиокомпанијата: wizzair.com.
Од ТАВ Македонија посочуваат дека со воведувањето на летот до Барселона се исполни едно од најчестите барања на патниците. Градот е познат по уметноста, архитектурата, историјата и спортот, и претставува привлечна дестинација за македонските туристи. Од друга страна, Лион, како гастрономски центар на Франција, нуди сосема ново искуство за љубителите на француската култура и кујна.
На првиот лет до Барселона отпатува и добитничката на два промотивни билета, која беше избрана преку случаен избор како дел од повикот за дарување објавен на Инстаграм и Фејсбук-страниците на Меѓународниот аеродром Скопје.
Извор: republika.mk
