Имаат шанса да заработат, но и да заштедат повеќе. Дополително, додаваат дека ова е одлична можност за оние кои сакаат да искусат работа во колеги од различни култури.
„Тука сум поради платите и другите работи што доаѓаат со повисоки примања. Повисоките плати значат поголеми заштеди и тоа е прашање на штедење во текот на годините, а потоа враќање во матичната земја. Но, многу луѓе не остануваат во Луксембург, проверете ја најновата статија од Lux Times, тие остануваат 5 години, а потоа си заминуваат. На работното место зборуваме англиски, француски, шпански јазик, има луѓе од секаде. Најлесно е да се најде работа во секторите финансии и ревизија. Друга работа која е предност тука е тоа што јавниот превоз е бесплатен. Ако заштедите повеќе пари, можете да инвестирате во патувања и недвижности. Но, исто така, ако се вратите во Шпанија по 5 години, плаќате помалку даноци. Скоро ќе наполнам 5 години како сум тука и работам во комерцијален сектор. Цените на производите се слични како во Шпанија. Странците овде делат апартмани со цимери или изнајмуваат соби“, oбјаснува Хавиер Геиселер од Шпанија за Фактор.
Статистиките на Евростат покажуваат дека Луксембург е далеку пред другите европски земји по висината на платите. Меѓу земјите во ЕУ во 2024 година, највисока просечна годишна плата со полно работно време е забележана во Луксембург (83.000 евра), по што следат Данска (71.600 евра) и Ирска (61.100 евра). На оваа листа стои дека во Шпанија и Италија годишниот просек бил под 40.000 евра. Франција е над оваа сума, но далеку зад Луксембург, додека Германија е на шестата позиција.
Половина од новодојденците го напуштаат Луксембург во рок од пет години, покажува извештајот што неодамна го објави Луксембург Тајмс.
Неевропските државјани претставуваат 38,3 отсто од имигрантите што пристигнале во 2024 година. Сепак, Франција продолжи да доминира како извор на прекугранична работна сила, додека приливот од Белгија и Германија се намали, покажува анализата.
Извор:faktor.mk
