Намален бројот на невработени лица во првото тримесечје од годинава
Актуелно

Намален бројот на невработени лица во првото тримесечје од годинава

29. 05. 2026.

Бројот на невработени лица во првото тримесечје од 2026 година е намален за еден процент во споредба со четвртото тримесечје од 2025 година, а за 2,3 проценти е намален во споредба со истото тримесечје минатата година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Од вкупниот број невработени лица, мажи се 62,4 проценти, а жени 37,6 проценти.

Податоците на ДЗС покажуваат дека бројот на вработени лица бележи намалување од 0,3 проценти. Од вкупниот број вработени,  57,9 проценти се мажи, а 42,1 проценти се жени.

Учеството на неформалната вработеност во првото тримесечје од 2026 година се зголемува. Неформално вработени лица се 94.197, што е за 4,3 проценти повеќе од претходното тримесечје. Најголем број неформално вработени лица, 43,6 проценти има во секторот земјоделство, шумарство и рибарство и 17,5 проценти во секторот градежништво.

Според Државниот завод за статситика, активното население брои 797.884 лица од кои вработени се 707.385, а невработени 90.499 лица. Стапката на активност е 52,5, на вработеност 46,5, додека стапката на невработеност изнесува 11,3. 

Извор: skopjeinfo.mk