Жените во Бугарија се едни од  најздравите- живеат во просек 71 година!
Актуелно

Жените во Бугарија се едни од најздравите- живеат во просек 71 година!

10. 08. 2025.

Најмалку здрави години живот имаат во Летонија (околу 54), Данска (55) и Финска (56).

Животот без ограничувања и болка — тоа е здравиот живот, кој во Европската Унија во просек трае 63,3 години за жените и 62,8 години за мажите, покажува извештајот на Европската служба за статистика, Евростат.

Иако разликата во здрави години изгледа мала, вистинскиот поглед е во вкупната старост — жените живеат во просек 84 години, додека мажите само 79 години, односно жените живеат цели 5,3 години подолго. Дали тоа се должи на подобри навики, помал стрес или нешто друго?

Кај мажите, најдолг здрав живот имаат Малтежаните — речиси 72 години, следуваат Италијанците со 68,5 и Швеѓаните со над 67 години. Најкратко без здравствени проблеми живеат мажите во Летонија, Естонија и Словачка, каде здрави години имаат само од 51 до 57.

Жените, пак, најмногу здрави години живот имаат на Малта (над 71 година), Бугарија (71 година) и Италија (приближно 70 години). Најмалку здрави години живот имаат во Летонија (околу 54), Данска (55) и Финска (56).

И покрај високата оценка за среќа, Финска и Данска се меѓу земјите со најкраток здрав живот, што укажува дека среќата не е секогаш знак за добро здравје. Вистинската грижа за здравјето и превенцијата се клучни за подолг и квалитетен живот.