Со Велигден, завршуваат празниците за месец април, но веќе во мај, граѓаните ги очекуваат дури три продолжени викенди, два за сите граѓани и еден за граѓаните од православна христијанска вероисповед, а ќе празнуваат и граѓаните од муслиманска вероисповед.
- 1 мај (петок) – Ден на трудот;
- 25 мај (понеделник) – Св. Кирил и Методиј (бидејќи 24 мај е во недела);
- 29 мај (петок) – Духовден (петок пред Духовден и празник за православните христијани);
Граѓаните од муслиманска вероисповед ќе го празнуваат 27 мај (среда) – Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.
