Листата на земјоделски производи која министерството за земјоделие ја доставило до министерството за економија е долга вели Трипуновски. Финално кои производи ќе влезат во кошничката треба да соопшти министерството за економија што веројатно ќе се случи откако истата ќе биде испратена на консултации кај синдикатите и организацијата на потрошувачи
„Министерството за земјоделство учествува заедно со другите министерства во креирањето на кошничката и е задолжено за земјоделските производи. Листата на производи е голема и верувам дека кошничката ќе ги содржи сите. Пред сѐ се застапени оние што ги произведуваме во Македонија“, вели Трипуновски.
Изработен е и посебен календар за тоа кои култури кога се одгледуваат врз база на кој ќе се полни кошничката. Односно сезонските овошја и зеленчук ќе се пресметуваат во периодот кога се одгледуваат.
Целата вест може да ја прочитате на: alfa.mk
