Предлогот предвидува минималната пензија да се усогласува двапати годишно – во март и септември.
Во моментов најниската пензија е 20.228 денари, а минималната плата околу 26.046 денари.
Според предлогот, 70% од сегашната минимална плата би биле околу 18.232 денари, што значи дека правилото не би донело автоматско зголемување на пензиите веднаш, туку би создало механизам за нивно следење на растот на минималната плата.
Дали предлогот ќе стане законско решение засега не е познато.
