Извештајот дава одговори на клучни прашања поврзани со состојбата на возилата – од проблеми со подвозјето и амортизерите, преку ефикасноста на сопирачките, до појава на истекување масло. Сепак, се нагласува дека резултатите не зависат само од квалитетот на моделот, туку и од начинот на користење и одржување. Поскапите автомобили најчесто се сервисираат редовно, додека поевтините почесто се користат како работни возила и поретко посетуваат овластени сервиси.
Кај возилата стари од две до три години, меѓу најсигурните се издвојуваат VW Golf Sportsvan, VW T-Roc и VW T-Cross, со околу два проценти значајни дефекти. На спротивната страна се Dacia Logan и Dacia Duster со над 11 проценти дефекти, како и Tesla Model 3 со 8,9 проценти.
Извештајот потврдува дека германските брендови и натаму доминираат во однос на сигурноста, но истовремено укажува дека правилното одржување и начинот на користење се клучни за долгорочната состојба на секое возило.
Извор:faktor.mk
