Студентите постари од 30 години нема да можат да престојуваат во студентски дом - според предложените законски измени
Актуелно

Студентите постари од 30 години нема да можат да престојуваат во студентски дом - според предложените законски измени

10. 07. 2026.

Во Собранието се доставени измени на Законот за студентски стандард со кои се заоструваат условите за сместување во државните студентски домови и се утврдува горна старосна граница од 30 години за добивање и користење на место во дом.

Предлог-измените предвидуваат изрекување воспитни мерки и забрани за престој при прекршување на домскиот ред, како што се:

  • пушење во собите,
  • внесување и употреба на алкохол,
  • оштетување инвентар,
  • пуштање гласна музика и
  • неуредно одржување на хигиената.

За потешки повреди може да се изрече забрана за користење на услугите на студентските домови на целата територија на државата во траење од една до пет години.

Такви повреди се, меѓу другото, внесување и употреба на алкохол во собите, отстапување на соба на друго лице со остварување материјална корист и нередовно плаќање станарина.

Извор: skopjeinfo.mk