Најмногу отпад е расчистен во Чаир, каде што од дивите депонии биле подигнати 170 кубни метри.
Во истиот период, екипите собрале и транспортирале 2.700 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти низ Скопје.
Од претпријатието информираат дека продолжува и редовното одржување на јавната хигиена. Улиците и булеварите се мијат со автоцистерни во доцните вечерни часови, додека плоштадите, пешачките мостови, патеките и тротоарите во центарот на градот, како и Старата скопска чаршија, секојдневно се чистат во три смени.
