Според анализа на консултантската компанија Bain & Company, користењето вештачка интелигенција при купување бележи раст, а потрошувачите ја користат за препораки, споредување производи и полесно донесување одлуки.
Сепак, довербата останува предизвик. Дел од купувачите се сомневаат во точноста и непристрасноста на препораките, особено кога станува збор за поскапи производи.
Експертите посочуваат дека вештачката интелигенција може значително да го промени начинот на онлајн купување, но засега не може целосно да ги замени личното искуство и проверката на информациите.
Дали би ѝ дозволиле на вештачката интелигенција да одлучи што ќе купите?
