Од вкупно 595.600 домаќинства во земјава, 393.400 се без издржувани деца, а 202.200 имаат деца.
Сепак, Македонија има поголем удел на домаќинства со деца во споредба со Европската Унија, каде што дури 76,6% од домаќинствата се без деца, а само 23,3% имаат издржувани деца.
Податоците покажуваат и дека просечниот број деца по домаќинство во Македонија се намалил од 0,80 во 2015 година на 0,60 во 2025 година.
Македонските домаќинства во просек бројат од 3,1 до 3,2 члена, додека европскиот просек изнесува околу 2,3 лица.
Во ЕУ продолжува трендот на намалување на домаќинствата со деца, додека расте бројот на луѓе што живеат сами.
