Тоа значи дека граѓаните ќе можат бесплатно да ги користат автобусите во периодот од 18:00 до 03:00 часот, за да пристигнат на манифестацијата и да се вратат дома по завршувањето на програмата.
„Бела ноќ 2026“ започнува во сабота во 18:00 часот, а вечерната програма ќе трае до 03:00 часот по полноќ.
Од ЈСП ги повикуваат граѓаните да го користат јавниот превоз за пристигнување и враќање од манифестацијата.
