Само 6% од осмооделенците читаат книги, но 62% гледаат видеа на мобилен!
Актуелно

Само 6% од осмооделенците читаат книги, но 62% гледаат видеа на мобилен!

03. 04. 2026.

Иднината на работата во ерата на вештачката интелигенција, ова е насловот на форумот на кој луѓето од образовниот сектор дебарираа за примената на дигиталните алатни кои се почесто ги користиме во секојдневието.

Директорот на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања Петар Атанасов смета дека општ е впечатокот дека не треба да задоцниме во прилагодувањето на технологијата во современата цивилизација. Сакаме да бидеме партнери со сите влијателни фактори во развојот. Се трудиме да ги истражуваме овие процеси и да видиме кои трансформации се случуваат во општеството. Додава дека ќе продолжат да објавуваат податоци и сознанија кои ги наоѓаат во истражувањата, а особено на овие теми.

Атанасов објави податоци од истражувањето кое е направено во основни училишта, а анкетирани или тестирани се деца од четврто и осмо оделение.

На прашањето, колку време во текот на денот поминувате на мобилен телефон. На примерок од 1288, од кои 703 од четврто одделение и 585 од осмо одделение. Учениците од четврто одделение кажуваат дека неколку часови дневно поминуваат на мобилен, односно тоа го кажале 36 проценти од случаите. Учениците од осмо одделение, на истото прашање кажуваат дека неколку часа поминуваат на мобилен дури 68 отсто од испитаниците. 25 отсто од учениците од осмо одделение кажале дека цел ден го поминуваат на мобилен телефон. Тоа значи дека дури 25 проценти од основците буквално живеат на мобилен телефон.

На прашањето, што правите во текот на денот, учениците од четврто оделение кажуваат дека 43 проценти од испитаниците гледаат видео содржини. Учениците од осмо одделение гледаат видео содржини во 62 проценти од испитаниците. Децата од четврто одделение на истото прашање кажуваат дека триесет и еден процент од нив читаат книги. Додека пак децата од осмо одделение само шест проценти кажале дека читаат книги во текот на денот. Ова покажува дека децата од четврто до осмо одделение престануваат да читаат книги.

Колку и да е навлезена или колку и таа да се шири вештачката интелигенција во центарот на сите овие процеси останува човекот и така мора да биде и во иднина. Затоа на прашањата поврзани со вештините, образованието и доживотното учење се од суштинско значење. Ова е ставот на Проректорката за настава на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ Проф. д-р Соња Топузовска.

„Вештачката интелигенција не е само концеп на иднината, туку реалност која длабоко навлегува во сите свери на општественото живеење. Од јавната адмионистрација, образованието, па преку бизнисот и индустријата. Вештачката интелигенција носи значајни трансформации во сите сектори на општеството, таа влијае врз продуктивноста, го менува дизајнот на работните места, и отвора нови прашања за управување со човечките ресурси. Организациите кои ќе успеат да ја интегрираат на вистински начин ќе бидат поотпорни, поефикасни и поконкурентни“. вели Топузовска.

Ресорниот министер за дигитална трансформација Стефан Андоновски, семета дека ова е тема како ќе се менуваат професиите во иднина, но и како ќе се менуваат институциите, образованието. Вештачката интелигенција и дигиталните алатки се дел од начините преку кои работиме во компаниите, начинот преку кои се обработуваат информациите, начинот преку кој функционира здравството, образованието, јавните услуги, медиумите и многу секојдневни работи.

Затоа повеќе не треба да се зборува како за иднината, туку за нешто што е започнато. Но во Македонија ниту едно основно, средно училиште или високообразовна институција се уште нема нити модул за вештачка интелигенција.

Извор:denar.mk