Скопје под камери – „Безбеден град“ во тест-фаза, ќе се затвораат улици
Актуелно

Скопје под камери – „Безбеден град“ во тест-фаза, ќе се затвораат улици

20. 01. 2026.

Проектот „Безбеден град“ активно влегува во подготвителна фаза за имплементација.

Од денеска до сабота ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на сообраќајните камери во Скопје, во рамки на проектот „Безбеден град“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Активностите ќе се реализираат секој ден од 08:00 до 20:00 часот и ќе предизвикаат повремени затворања на дел од сообраќајниците каде што се поставени камерите.

За време на тестирањето, возилата на одредени локации нема да бидат пропуштани додека трае постапката. Во првата фаза, активностите ќе се спроведуваат исклучиво на подрачјето на град Скопје.

Од Владата информираат дека системот веќе дава позитивни резултати, со намален број сообраќајни незгоди и прекршоци, како и зголемена безбедност во сообраќајот. Според податоците, бројот на дневни прекршоци е значително намален во споредба со почетокот на имплементацијата.

Воедно, најавено е дека се работи на протоколи за заштита на личните податоци на граѓаните и дека во следниот период ќе се вршат дополнителни усогласувања за целосно и безбедно функционирање на системот.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат привремените сообраќајни ограничувања и да покажат трпение и разбирање за време на реализацијата на овие активности.

Извор: vecer.press