Според информациите објавени од „Грчка инфо“, затворањето ќе трае вечерва од 23:00 часот до утре во 05:00 часот и ќе се однесува на правецот од граничниот премин Евзони кон Халкидики.
Во истиот период, сообраќајот во спротивниот правец, односно кон Евзони, ќе се одвива непречено.
Возилата што ќе се движат кон Халкидики ќе бидат пренасочувани по градските сообраќајници, па на патниците им се препорачува да предвидат можни застои и дополнително време за патување.
