Според прогнозите за периодот декември 2026 – февруари 2027 година, веројатноста за натпросечни температури во Македонија изнесува околу 84 проценти.
Иако се очекува поблага зима, тоа не значи дека ќе изостанат снегот и ниските температури. Метеоролошките модели укажуваат дека декември би можел да биде со помалку снежни врнежи, додека поголеми шанси за снег се очекуваат во втората половина од зимата.
Во однос на врнежите, засега нема јасни показатели дали зимата ќе биде повлажна или посува од просекот.
Експертите предупредуваат дека и во потопла зима се можни краткотрајни студени бранови, нагли заладувања и пообилни снежни врнежи, особено при продор на студен воздух од север.
