Дизелот од полноќ поскапе за 3,5 денари – РКЕ: Намалувањето на ДДВ-то ги ублажи цените на горивата
Актуелно

Дизелот од полноќ поскапе за 3,5 денари – РКЕ: Намалувањето на ДДВ-то ги ублажи цените на горивата

24. 03. 2026.

Од полноќ горивата се продаваат повторно по повисоки цени.

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука, врз основа на светските берзи и зајакнувањето на доларот во однос на денарот, цената на дизелот да се зголеми за 3,5 денари по литар, екстра лесното масло за домаќинство да поскапи за 2,5 денари по литар, цената на мазутот за 0,15 денари, додека цените на двата вида бензин остануваат непроменети.

Од РКЕ соопштуваат дека и покрај намалувањето на ДДВ-то за горивата од 18% на 10% со одлука на Владата, ова се новите цени кои важат во малопродажбата од денес.

Извор:mk.tv21.tv