Дизелот скокна за 5,5 денари, бензините за 1,5 денар
Актуелно

Дизелот скокна за 5,5 денари, бензините за 1,5 денар

13. 07. 2026.

ПОСКАПИ ГОРИВА ОД ПОЛНОЌ

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која од полноќ (14 јули) поскапуваат горивата. Најголем скок има кај дизелот, кој ќе биде поскап за 5,5 денари и ќе се продава по 88 денари за литар.

Бензините исто така одат нагоре за 1,5 денар. Така, Еуросупер БС-95 ќе чини 87 денари, а Еуросупер БС-98 89 денари за литар.

Поскапува и екстра лесното масло за домаќинство за 4,5 денари, па новата цена ќе биде 86 денари за литар. Цената на мазутот се зголемува за 0,938 денари по килограм и ќе изнесува 42,168 денари.

Од Регулаторната велат дека причината за новото поскапување е растот на цените на нафтата и нафтените деривати на светските пазари. Во просек, горивата поскапуваат за 3,59 проценти.

Извор: vecer.press