Бројот на ноќевањата во мај 2026 година изнесува 236 727, од кои 24.2 % се од домашните туристи, а 75.8 % од странските туристи.
Во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 2.6 %, односно кај домашните туристи има намалување за 4.4 %, а кај странските има зголемување за 4.9 %.
Во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 1.0 % така што кај домашните туристи има намалување за 4.1 %, а кај странските има зголемување за 3.3 %.
Земји од кои дошле најмногу странски туристи во мај 2026 година:
34 681 од Турција
9 578 од Германија
7 605 од Србија
4 858 од Бугарија
