Подравка е синоним за доверба, квалитет и традиција – не само во кујните на потрошувачите, туку и во работната култура што ја негуваме над 75 години. Основана во 1947 година, денес Подравка е еден од водечките брендови во југоисточна, централна и источна Европа, присутна во над 60 земји ширум светот. Работиме во два столба – прехрана и фармација, и нашите вработени се срцето на секој наш успех.
Подравка Македонија има отворена можност за нов член во тимот:
Унапредувач на продажба – Мерчендајзер
Региони: Охрид и Струга
Доколку си иницијативен, амбициозен и посветен, ова е твојата шанса да работиш во компанија што го препознава и вреднува трудот, ангажманот и лојалноста.
Кои ќе бидат твоите клучни задачи?
- Посета и одржување на релации со малопродажни објекти
- Позиционирање и грижа за производите во продажба
- Следење на рокови и трендови на пазарот
- Учество во остварување на продажни цели
- Следење на конкуренција и прилагодување на новите услови
- Комуникација и поддршка на клиентите
- Извршување на оперативни задачи по налог на претпоставените
Профил на кандидатот:
- Средно образование (предност: економски/бизнис насоки)
- Претходно искуство е предност, но не и услов
- Основно користење на Microsoft Office
- Активен возач – Б категорија
- Познавање на англиски или друг странски јазик е пожелно
- Комуникативна, организирана и одговорна личност
- Способност за работа на терен, самостојно и во тим
Зошто Подравка?
Во Подравка не сме само колеги – сме заедница која се поддржува, учи и расте заедно. Препознаваме талент, вложуваме во развој и ја градиме иднината на нашите вработени со истата грижа со која ги создаваат нашите производи.
