Колегата Вангел Попоски целиот свој работен век го посвети во Мотоцентар, оставајќи неизбришлива трага преку својата професионалност, одговорност и човечки вредности.

На Вангел кариерата е доказ дека успехот се гради со истрајност, чесност и верба во заедничките цели. Тој е дел од Мотоцентар од самите почетоци, од далечната 1994, каде што е еден од првите вработени и заслужен е за растот на компанијата.

Горди сме што Вангел беше дел од нашот тим цели 31 година и што со својот пример покажа што значи вистинска лојалност кон компанијата. Неговите достигнувања, знаење и искуство се и ќе останат инспирација за сегашните и идните генерации вработени.

Вангел ти благодариме за сите години посветена работа, за придонесот кон развојот и успехот на Мотоцентар и за позитивниот пример што го оставаш зад себе.
Ти посакуваме пензионерските денови да ти донесат многу убави моменти и нека ова ново поглавје биде исполнето со радост и задоволство, исто како што кариерата ти беше исполнета со успех.

