Плата до 2500 евра - Се бараат директори на Holiday Inn, Bellevue и Turist
Актуелно

Плата до 2500 евра - Се бараат директори на Holiday Inn, Bellevue и Turist

31. 10. 2025.

Македонијатурист отвора нова ера во хотелиерството


Македонијатурист АД Скопје, водечката хотелска и туристичка групација во земјата, објави јавни огласи за избор на нови генерални менаџери за три од своите најпознати хотели во главниот град – Holiday Inn, Bellevue и Turist.

Оваа одлука следи по промените во управната и сопственичката структура на компанијата, со кои Ацо Дудлоски од Струга е именуван за нов претседател на Управниот одбор, а „Скопски пазар“ стана најголем акционер со удел 

Со новиот менаџерски тим и стратегија за развој, Македонијатурист започнува процес на модернизација и унапредување на хотелските стандарди, со фокус на квалитет, ефикасност и подобрено гостинско искуство.

Отворени позиции

Генерален менаџер – Holiday Inn Skopje
Локација: Скопје
Почетна нето плата: 150.000 денари

Генерален менаџер – Hotel Bellevue Skopje
Локација: Скопје
Почетна нето плата: 90.000 денари

Генерален менаџер – Hotel Turist Skopje
Локација: Скопје
Почетна нето плата: 90.000 денари

Профил на кандидатите

Од кандидатите се очекува најмалку осум години искуство во хотелски менаџмент, од кои најмалку три на раководна позиција. Потребно е високо образование во областа на туризам, менаџмент или економија, добро познавање на хотелски оперативни системи и аналитички алатки, одлично владеење на англиски јазик, како и изразени лидерски и организациски способности. Искуството со меѓународни брендови, особено со IHG, ќе се смета за предност.

Што нуди Македонијатурист

Компанијата нуди конкурентна нето плата од 90.000 до 150.000 денари, во зависност од позицијата и хотелот, бонус систем според перформанси, картичка за дневен оброк, програми за обука и професионален развој, попусти во хотелите на групацијата и работа во современа, професионална средина со високи бренд стандарди.

Начин на аплицирање

Кандидатите треба да испратат биографија (CV) и мотивационо писмо преку платформата Vrabotuvanje.com.mk, со назнака за хотелот на кој аплицираат. Рокот за аплицирање е до 7 ноември 2025 година.

Сите апликации ќе се третираат со највисок степен на доверливост, а само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.

Македонијатурист е дел од приказната на Скопје повеќе од 70 години. Новата ера започнува со нови лидери.