Limak Skopje Luxury Hotel – Каде бројките ја потврдуваат стабилноста, а насмевките го дефинираат успехот
Успешни бизнис приказни

Limak Skopje Luxury Hotel – Каде бројките ја потврдуваат стабилноста, а насмевките го дефинираат успехот

27. 08. 2025.

Отворањето на Limak Skopje Luxury Hotel, на 23 април 2021 година, беше историски момент за хотелската индустрија во Македонија. Сместен во срцето на главниот град, хотелот денес е синоним за луксуз, стил и беспрекорно гостопримство. Со своето отворање, Limak ја стави Македонија на мапата на луксузниот туризам, воведувајќи нови стандарди и подигнувајќи ја индустријата на повисоко ниво.

Зад оваа успешна приказна стои тим кој секојдневно со посветеност и енергија го гради брендот. Една од двигателите на успехот е директорката на продажба, Јелена Костадиновиќ – професионалец чија визија и страст за хотелиерството го прават Limak препознатлив симбол на луксуз и гостопримство.

„Тоа е чест и гордост – да создаваш нешто што ќе остане препознатливо за градот,“ вели таа, навраќајќи се на првите денови кога со тимот започнаа ново поглавје за хотелиерството во Скопје.

Успех во бројки и во насмевки

Дека работата на тимот е на вистинскиот пат го потврдуваат резултатите – раст на приходите, зголемена лојалност на гостите и јасна стратегија. Но најголемото признание, како што истакнува Јелена, е кога гостите се враќаат и го препорачуваат хотелот. „Тоа чувство нема цена,“ додава таа.

Посебно ја трогнуваат моментите кога делегации, воодушевени од гостопримството, ја носат приказната за Limak во своите земји и на тој начин создаваат амбасадори на хотелот и надвор од Македонија.

Енергијата на тимот

„Мојот тим е мојата најголема мотивација – нивната енергија е двигателот на успехот,“ вели Јелена. Нејзината лична мотивација пак е вербата дека Limak прави разлика во индустријата и создава задоволни гости.

Ново поглавје – можност за нови таленти

Денес, Limak Skopje Luxury Hotel отвора ново поглавје и е во потрага по Агент за продажба и маркетинг.

„Бараме позитивна, проактивна личност со страст за гостопримство и силна комуникација. Некој кој е подготвен да расте заедно со нас, со ентузијазам, култура и љубов кон хотелиерството. Најмногу ја цениме автентичноста и искрената желба за успех, затоа што тоа создава силна тимска хемија,“ објаснува Костадиновиќ.

Limak Family – средина што инспирира

Она што го прави Limak посебен е чувството на припадност. „Ние сме едно големо Limak Family. Кај нас секој нововработен влегува во средина во која може да учи, да расте и да ги реализира своите потенцијали. Тоа е енергија која инспирира,“ додава таа.

Профил на кандидатот

Успешниот агент за продажба и маркетинг треба да има упорност, професионалност, креативност и способност за градење односи. Продажбата и маркетингот бараат фокус и конзистентност, но и креативност за да се најдат решенија. „Оваа позиција бара личност која гради доверба со клиентите, бидејќи тие односи се долгорочна инвестиција. Дополнително, многу е важно кандидатот да ја разбира динамиката на пазарот и да биде подготвен постојано да се надградува,“ објаснува Јелена.

Повик до кандидатите

За сите кои се двоумат, пораката е јасна:
„Направете чекор – ова е можност за раст и кариера во силен бренд.“

Оваа позиција не е само работно место, туку шанса да станете дел од приказна што ја гради иднината на луксузниот туризам во регионот. Ако се препознавате во оваа визија, пријавете се и бидете дел од тимот кој ја носи енергијата, страста и професионалноста на Limak Skopje Luxury Hotel.

[Линк до огласот]

Како се мери успехот?

А бидејќи секој нов член е дел од успехот на брендот, прашавме – како Limak го мери успехот?

„Преку бројки, стабилни клиенти, насмевки на задоволни гости, но и преку внатрешните запчаници кои го вртат кругот,“ искрена е Јелена.

„Успехот е комбинација. Бројките се важни бидејќи ја покажуваат стабилноста и растот на хотелот – огледало на нашата стратегија и напор. Клиентите се важни, затоа што носат проекти, партнерства и нови можности. Но над сè, задоволниот гостин е најчистата и најискрената дефиниција на успех – насмевка, благодарност и повторно враќање, тоа е мерка што никогаш не може да се стави само во табела. А вработените се срцето на хотелот, носејќи ја атмосферата и топлината кон гостите. Кога сите овие елементи ќе се поклопат, тогаш знам дека сме на вистинскиот пат.“

Визијата за иднината

„Нашата цел останува иста – да бидеме прв избор за луксуз во регионот, со маркетинг и продажба како двигател,“ завршува Јелена Костадиновиќ.