Анкета објавена на LinkedIn профилот на Vrabotuvanje.com.mk собра 358 гласови и откри едно клучно прашање за сите работодавачи:
Дали и за поранешните компании во кои сте работеле важи правилото како и за поранешните партнери: За бившите – само најдобро?
Резултатите се прилично јасни:
• 70% – „Кој како заслужил!“
• 23% – „Така е!“
• 7% – „Никако!“
И што ни кажуваат овие бројки?
• Дека повеќето вработени не заминуваат рамнодушно.
• Дека начинот на кој ги третирате луѓето додека се дел од вашата организација, директно влијае на тоа како ќе зборуваат за вас после нивното заминување.
• И дека нема ПР стратегија која ќе ве спаси од лош word-of-mouth ако културата ви е – токсична.
Работната клима не се погодува – таа се мери.
Затоа е време да престанеме да нагаѓаме дали се задоволни вработените – и да почнеме да го мериме тоа системски.
Pulser е алатка која наменски ја креиравме за да добиете:
- Искрени одговори од вашите вработени
- Профил на организациската клима
- Препораки за подобрување
- И мерливи резултати што покажуваат дали се движите во вистински правец
Ако сакате вашите луѓе да ве споменуваат со почит – дури и кога ќе заминат – прво прашајте ги како им е додека се сѐ уште со вас.
Контактирајте нѐ за Pulser – истражување на задоволство и организациска култура, и направете чекор кон посилна, поискрена и попрофитабилна работна средина.
