Само 27% од луѓето се задоволни од својата плата, додека 77% размислуваат за промена на работното место
Анкети и истражувања

Само 27% од луѓето се задоволни од својата плата, додека 77% размислуваат за промена на работното место

29. 04. 2025.

Alma Career, водечкиот пазарен лидер со активности во повеќе земји од Централна и Источна Европа, неодамна спроведе меѓународно истражување за задоволство од платите преку платформата Paylab, опфаќајќи ставови на околу 15.000 учесници од девет земји (Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Чешка, Словачка, Естонија, Литванија и Латвија).

„Истражувањето открива дека само 27% од испитаниците се задоволни од својата сегашна плата, а 56% се чувствуваат потценето. Овој став е поизразен во Балтикот и Балканот, додека луѓето во Чешка, Словачка и Естонија се чувствуваат нешто позадоволни“, коментира Јозеф Плшко, директор за односи со јавност и комуникации на Alma Career, и додава: „Кога ги прашавме истите испитаници за нивната подготвеност да ја променат работата во следните 6 месеци – 77% одговорија дека ја разгледуваат оваа можност, што укажува на широко распространето незадоволство. Повторно, подготвеноста за промена на работа беше поголема на Балканот, достигнувајќи дури 90%. Овие ставови секако можат да бидат влијани од неколку фактори, како што е сегашното ниво на плати споредено со куповната моќ.“

Само еден од четворица е задоволен од својата плата

Истражувањето истакнува различни нивоа на задоволство меѓу испитаниците: само 27% изразиле задоволство, 33% изразиле незадоволство, а 40% останале неутрални. Жените се помалку задоволни од својата плата – 24% од жените се задоволни наспроти 30% од мажите.

Што се однесува до возраста – лицата под 45 години имаат поголемо ниво на задоволство (блиску до 30%), додека само околу 23% од лицата над 45 години се задоволни со својата плата. Истражувањето покажува дека незадоволството од платата расте со возраста, што е изненадувачки ако се земе предвид дека повисоките позиции обично носат повисоки плати.

Според земјите – најзадоволни се луѓето во Чешка и Естонија (околу 32%), додека во Хрватска, Латвија и Литванија задоволството изнесува околу 22%.

Picture 133826137, Picture