Прилепската противпожарна единица од пожари штити најголема територија во земјава. Ама ќе почека на потребните пожарникари. Огласот за петмесечно времено ангажирање на 30 нови заштитници од огнените стихии е пролонгиран до среда. На барањето за 30 нови, се јавиле пет-шест кандидати.
Прилепската единица се бори со пожарите, но и со застарената опрема и потребата од нови заштитници од огнените стихии.
Граѓаните веднаш го детектираат проблемот. А долгорочен проблем е и отсуството на пошумување. Не е проблем обуката – ќе ја добијат со ангажманот.
Работата пожарникар е одговорна, ама бара и соодветна валоризација.
Извор МТВ
