Граѓаните лани преку Мој ДДВ добиле 57 милиони евра
Актуелно

Граѓаните лани преку Мој ДДВ добиле 57 милиони евра

05. 03. 2026.

Мој ДДВ нема да се укине и никогаш не се размислувало во таа насока. Вака од УЈП ги потврдуваат информациите, но и ги демантираат шпекулациите кои повторно се застапени во јавноста.

Точно е тоа што драстично не е зголемено издавањето на фискални сметки во однос на периодот кога не постоеше оваа мерка, но даночниците велат дека мерката созадава навики за барање на фискална сметка.

Податоците на Управата за јавни приходи покажуваат континуиран раст на сумата која државата ја исплаќа на граѓаните кои ги скенираат своите фискални сметки. Последните информациите велат дека за последниот квартал лани на 455 илјади граѓани им биле префрлени на нивните сметки нешто повеќе од 12 милиони евра, а близу 100 илјади граѓани чекале исплата од близу 3 милиони евра. Податоците се заклучно средината на минатиот месец, па овие бројки до денеска секако дека се променети. Тоа што е завршена работа, односно што не може да се промени се податоците од претходните години кои велат дека:

• Во 2023 година исплатени 47,4 милиони евра Мој ДДВ
• Во 2024 година исплатени 54,5 милиони евра Мој ДДВ
• Во 2025 година исплатени 57 милиони евра од Мој ддв

Мерката според надлежните е насочена кој социјалната компонента, не е доволана велат само со неа да се бориме како држава против сивата економија, но ставот е дека мерката создава навики за барање на фискална сметка.

Во Буџетот има доволно средства, а исплатите кон граѓаните со валидни и точни податоци се одвиваат без никакви проблеми, мерката останува активна и во 2026 година“, велат од УЈП.

Од УЈП информираат дека 5.292 корисници во моментов не можат да ја добијат исплатата поради погрешно внесени или неажурирани трансакциски сметки. Институцијата апелира до сите граѓани кои сè уште немаат добиено средства, да ги проверат и ажурираат податоците за својата банкарска сметка директно во апликацијата „Мој ДДВ“.

Оваа мерка според даночниците претставува значаен инструмент за зголемување на фискалната дисциплина, поттикнување на безготовинските плаќања, зголемување на транспарентноста во прометот, намалување на сивата економија, и директна финансиска поддршка на домаќинствата.