Според пријавата, 43-годишниот патник користел такси-превоз од центарот на градот до Средно Водно, при што возачот му наплатил дури 7.800 денари. Откако реагирал дека цената е превисока, таксистот станал агресивен и го напуштил местото.
„На 20.04.2026 година во 20:40 часот во СВР Скопје, Б.Ф.П.Х. (43) од Швајцарија пријавил дека бил измамен од таксист за време на возење во Скопје. Според пријавата, тој користел такси превоз на релација од Центар до Средно Водно, при што возачот му наплатил 7.800 денари за услугата. По сфаќањето дека сумата е значително повисока од вообичаената, патникот реагирал, по што таксистот, како што е наведено, станал агресивен и со возилото го напуштил местото“, пишува во полицискиот билтен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
