Најголема промена е воведувањето на нов стандард за прва помош (DIN 13164:2022). Доколку вашиот сет не е во согласност со овој нов стандард, се соочувате со казна од 30 евра. Новиот комплет, кој мора да содржи 16 клучни артикли (вклучувајќи термо-ќебе, специјални облоги за изгореници и заштитни маски), чини околу 31 евро, што е значително поскапо од досегашните комплети.
Според грчка „Прототема“, сообраќајните правила дополнително се заоструваат:
Досегашното ограничување во населени места од 50 км/час е драстично намалено на само 30 км/час.
За да избегнете непријатности на одмор, проверете дали во возилото ги имате и останатите задолжителни предмети: противпожарен апарат, триаголник, рефлектирачки елек и резервна гума.
