Нов ценовен удар за возачите: Дизелот поскапува за 6 денари
Актуелно

Нов ценовен удар за возачите: Дизелот поскапува за 6 денари

07. 09. 2026.

Новo поскапување на горивата ќе ги зголеми трошоците за возачите. Согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), од полноќ се зголемуваат цените на сите нафтени деривати.

Еуродизелот (Д-Е V) поскапува за 6 денари, па литар ќе се продава за 101 денар.

Поскапување од 3 денари за литар има и кај бензините. Еуросупер БС-95 ќе чини 97 денари, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава по 99 денари за литар.

Најголемо зголемување има кај екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), кое поскапува за 8 денари, односно новата цена ќе изнесува 105 денари за литар.

Поскапува и мазутот М-1 НС, чија цена се зголемува за 1,591 денари по килограм и ќе изнесува 46,001 денари за килограм.

Од РКЕ објаснуваат дека новите цени се утврдени според движењето на референтните цени на нафтените деривати на светските берзи и промената на курсот на денарот во однос на американскиот долар.