Настанот е закажан за 19 часот, а од СВР Скопје информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе соодветни мерки за регулирање на сообраќајот.
Посебниот режим ќе се применува на приодите кон арената, како и на булеварот „Илинден“, каде што се очекува зголемена фреквенција на возила и посетители.
Од полицијата апелираат до граѓаните да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и наредбите и упатствата на полициските службеници кои ќе бидат присутни на терен.
