Колку нè чини излегувањето во кафеана? Трендот на поскапување продолжува
Актуелно

Колку нè чини излегувањето во кафеана? Трендот на поскапување продолжува

07. 04. 2026.

Податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека цените на угостителските услуги во март 2026 година се зголемени за 0.1% во однос на претходниот месец

Цените на угостителските услуги во март 2026 година во однос на истиот месец од претходната година сe зголемени за 2.4 %.

Во периодот јануари – март 2026 година во однос на истиот период од минатата година цените на угостителските услуги  се зголемени за 3.0 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 0.4 %.

По групи, во март 2026 година во однос на февруари 2026 година цените во угостителството,  се зголемени кај групата Храна за 0.2 % додека кај групите Алкохолни пијалаци, Безалкохолни пајалаци и Ноќевања не се забележани промени.

Извор: biznisinfo.mk