Внимавајте! МВР со засилени полициски контроли на брзината на возење
Актуелно

Внимавајте! МВР со засилени полициски контроли на брзината на возење

06. 08. 2026.

Министерството за внатрешни работи од 3 до 9 август учествува во Европската недела на засилени сообраќајни контроли, која се спроведува во организација на мрежата ROADPOL, заедно со полициските служби од уште 34 европски држави.

Акцијата е насочена кон откривање и санкционирање на возачи кои ја пречекоруваат дозволената брзина, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и нивните последици.

Од МВР посочуваат дека, поради летната сезона и зголемената фреквенција на возила на патиштата, сообраќајната полиција ќе спроведува засилени контроли и превентивно-репресивни мерки на патните правци низ целата држава.

Од Министерството апелираат до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја приспособат брзината на условите на патот и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот. 

 

Извор:skopjeinfo.mk