Кои нафтени деривати се најпродавани во Македонија
Актуелно

Кои нафтени деривати се најпродавани во Македонија

06. 08. 2026.

Пред неколку денови цената на Еуродизелот (Д-Е V) се зголеми за еден денар и сега се продава за 99,50 денари за литар, многу блиску до критичната граница од 100 денари.

Токму дизелот доминира во потрошувачката на нафтените деривати на домашниот пазар во 2025 година, покажува годишниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 2025 година.

Тој учествува со 74,16%, безоловните бензини се со учество од 11,74%, мазутот со 6,61% и течниот нафтен гас со 5,22%.

Потоа следуваат Екстра лесното масло (ЕЛ-1) со 2,08%, биогоривото со 0,14% и млазното гориво со 0,04%.

Лани во Македонија има пораст во потрошувачката споредно со претходната година. 

Кај бензините растот е за 8,34%, кај дизелот за 5,17%, кај Екстра лесното масло (ЕЛ-1) за 2,23% и кај течниот нафтен гас (ТНГ) за 3,55%.

Пад во потрошувачката во 2025 година, споредно со претходната година, има кај млазното гориво за 53,29%, кај мазутот за 1,12% и кај потрошувачката на биодизел за 2,52%.

 

Извор:emagazin.mk