ПИПЕРКИ ИЛИ ДОМАТИ: Што повеќе јадат, а што повеќе произведуваат Македонците?
Актуелно

ПИПЕРКИ ИЛИ ДОМАТИ: Што повеќе јадат, а што повеќе произведуваат Македонците?

06. 08. 2026.

Јадеме повеќе домати, а произведуваме повеќе пиперки. Македонските граѓани јадат поголеми количини на домати за разлика од количината на пиперки.

Но, кај производството е обратно, односно произведуваат поголеми количини пиперки.  Според Државниот завод за статистика(ДЗС), македонските граѓани лани во просек јаделе по 13.4 килограми домати и 11.6 килограми пиперки.

 

 

 

 

Минатата година во земјава се произведени вкупно 244.043 тони пиперки. Југоистокот е регион кој бележи најголемо производство на пиперки, односно 101.986 тони. Во Пелагонискиот регион се произведени 98.637 тони пиперки. Сите други региони произведуваат далеку помали количини на пиперки.

Од друга страна, лани во Македонија се произведени 112.645 тони домати. Регион рекордер во производство на домати е југоисточниот со 57.962 тони. Во скопскиот регион се произведени 24.362 тони домати, а другите региони се со помали количини.

Македонските граѓани многу поретко јадат боранија, само 0.4 килограми годишно во просек, а модри домати 1.8 килограми, праз 1.9 килограми, тиквички 1.7 килограми. Македонските граѓани годишно во просек консумираат по 100 грама карфиол. Кај морковот, просекот е 3.7 килограми по човек. Граѓаните во просек годишно консумираат по 1.9 килограми спанаќ. Зелката ја јадат почесто, и за неа просечната годишна количина по лице е 8.3 килограми.

 

Извор:фактор.мк