Среќни снежни велигденски празници: Пролетта на пауза!
Актуелно

Среќни снежни велигденски празници: Пролетта на пауза!

06. 04. 2026.

Прогностичките модели упорно ни цртаат нагла и голема промена на времето за Велигденските празници во Македонија, алармира Славчо Попоски.

Од 10 април (Велики петок) а особено на 11 април (Велика сабота) ќе дојде до продор на многу поладен воздух од север и формирање на снежен бран над Македонија кој би условил обилни врнежи од снег и исклучително ладно време. Исклучително ладно време барем одсега гледано прогностичките модели цртаат и на 12 април ден Велигден.

Секако дека промени околу ова можно сценарио се можни и искрено се надевам на промени и дека токму ова сценарио нема да ни се случи зошто и тоа како не ни е потребно сега. Конечна метео анализа за тоа какво време не очекува за Велигденските празници и на ден Велигден, метеорологот вели дека ќе објави во следните неколку денови. Исто така јас постојано со секое ново ажурирање на прогностичките модели ќе нѐ информира за состојбата на прогностичките модели за Велигденските празници и за ден Велигден.

Извор: vecer.press