Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска, 4 септември 2026 година, започна исплатата на паричните надоместоци од социјална, детска и цивилна заштита за август.
Корисниците што поседуваат дебитна картичка можат да ги подигнат средствата од банкомат, да плаќаат во продажните објекти или да ги користат преку електронско и мобилно банкарство.
Оние што не користат дебитни картички, средствата можат да ги подигнат во отворените филијали и експозитури на банките.
