62 лица загинале на патиштата годинава – дали „Безбеден град“ дава резултати?
Актуелно

62 лица загинале на патиштата годинава – дали „Безбеден град“ дава резултати?

24. 09. 2026.

Во првите осум месеци од 2026 година на македонските патишта загинале 62 лица, што е за 34 помалку во споредба со истиот период лани, кога животот го загубиле 96 лица. Тоа е намалување од 35,42%.

Намален е и бројот на вкупно загинати и повредени – од 4.731 на 3.868 лица, односно за 863 лица помалку.

Бројот на сообраќајни незгоди е намален од 5.485 на 4.840, додека незгодите со смртни последици паднале од 82 на 54.

Системот „Безбеден град“ започна со санкционирање на прекршоците на 1 февруари 2026 година. Од МВР велат дека намалувањето е резултат на комбинација од „Безбеден град“, законски измени, засилени полициски контроли и превентивни активности.

Сепак, бројот на тешко повредени е зголемен – од 686 на 690 лица.

МВР најавува и понатамошно проширување на „Безбеден град“ и дополнителни мерки за зголемување на безбедноста во сообраќајот.