Камерите ќе се поставуваат на места каде што често се создаваат диви депонии, но и во паркови и други јавни површини каде што има случаи на оштетување и уништување на урбаната опрема.
Снимките ќе ги следат овластени лица, а во Град Скопје е предвидено да биде формиран контролен центар, каде пет лица ќе работат во три смени. Снимките ќе се чуваат најмногу 30 дена, освен ако закон не предвидува подолг рок.
Камерите сè уште не се набавени, а Градот најавува јавна набавка за комплетниот систем.
Слични системи се планираат и во дел од скопските општини. Аеродром најавува камери на детски и спортски игралишта и во паркови, додека Бутел претходно најави видеонадзор на јавни површини.
Град Скопје планира координација со општините за системите да бидат соодветно интегрирани.
