Не го чекајте првиот студ: Радијаторите проверете ги пред грејната сезона
Актуелно

Не го чекајте првиот студ: Радијаторите проверете ги пред грејната сезона

24. 09. 2026.

ЕСМ Дистрибуција на топлина веќе започна со „ладна“ циркулација на водата низ системот, со која се проверуваат мрежата и топлинските потстаници. Проверките ќе траат до 30 септември, секој работен ден од 9 до 14 часот.

Во меѓувреме, од ЕСМ ги повикуваат граѓаните да ги проверат своите грејни инсталации. Проверете дали радијаторите и вентилите се исправни, дали има протекување и дали сè е во ред доколку во текот на летото сте правеле реновирање или замена на радијатори.

Ако инсталацијата била испразнета поради интервенции, потребно е тоа да се пријави во ЕСМ за повторно да се наполни со вода.

Грејната сезона официјално започнува на 15 октомври, но греењето може да започне и порано, од 1 октомври, доколку временските услови го бараат тоа.

Во грејната сезона треба да се обезбедува температура од 20±1°C во просториите од 6 до 22 часот, доколку внатрешната инсталација е технички исправна.

Затоа, подобро проверете сега – отколку првиот студен ден да откриете дека радијаторот не грее или протекува.