Белгиските работници патуваат во просек по 39 километри до своето работно место и дома, а половина од испитаниците патуваат повеќе од 25 километри дневно, објави новинската агенција Белга.
Просечното растојание поминато од анкетираните работници е 30 километри, а просечното време на патување до работа и назад е 47 минути. Белгијците поминуваат во просек по 53 минути дневно на пат, Швеѓаните, Романците и Британците 52 минути, Италијанците 51 минута, а Данците 50 минути.
И покрај овие бројки, 2/3 од луѓето во Белгија велат дека се задоволни од нивното патување.
Извор:inovativnost.mk
