741.446 туристи ја посетиле Македонија за само седум месеци: Еве од кои земји доаѓаат најмногу
Актуелно

741.446 туристи ја посетиле Македонија за само седум месеци: Еве од кои земји доаѓаат најмногу

27. 09. 2026.

Македонија во првите седум месеци од 2026 година ја посетиле 741.446 туристи, а кај странските гости е забележан раст. Најголем број посетители пристигнале од Турција, по што следуваат туристите од Германија, Србија, Романија и Албанија.

Податоците ги објави Министерството за култура и туризам по повод 27 Септември – Светскиот ден на туризмот, истакнувајќи ги позитивните резултати во туристичкиот сектор.

Според Министерството, растот на бројот на странски посетители претставува дополнителен поттик за развој на понудата и за посилна промоција на Македонија на меѓународниот туристички пазар.

Туризмот како важен дел од економијата

Меѓу приоритетите за понатамошен развој се издвојуваат подобрата промоција на природното и културното наследство, создавањето поквалитетни и одржливи туристички производи и услуги, како и поголемата примена на современи дигитални решенија.

Од Министерството посочуваат дека туризмот има значајна улога и во економскиот и во општествениот развој на земјата.

По повод Светскиот ден на туризмот, упатена е честитка до туристичките работници, претставниците на секторот и сите кои придонесуваат Македонија да биде препознатлива и привлечна туристичка дестинација.