Започнете ја вашата кариера во Македонски Телеком!

Започнете ја вашата кариера во Македонски Телеком!

17. 10. 2019.

Најголемата компанија за телекомуникации во Македонија со отворени огласи!

Македонски Телеком е водечки национален телекомуникациски оператор и е дел од Групацијата Дојче Телеком. Нудиме говорни и податочни услуги на фиксна и мобилна мрежа, постојано воведуваме меѓународна експертиза, иновативни решенија и најсовремени технолошки трендови.

Компанијата нуди портфолио на услуги за приватни и деловни корисници, кои се обезбедуваат од едно место и се фокусираме на Cloud и ИКТ решенија со цел да обезбедиме најдобро корисничко искуство.

Како едни од најзначајните играчи во македонското деловно опкружување, имаме одговорност да поставиме стандарди и да бидеме движечка сила во развојот на општеството и тоа во сите негови сегменти. 

Сакате да дознаете повеќе за отворените позиции? Посетете го штандот.