Обучи се за професијата на иднината: Зошто кариера во Data Science?

Обучи се за професијата на иднината: Зошто кариера во Data Science?

25. 07. 2020.

Зошто кариера во Data Science?

Во светот најголемиот дел од успешните компании веќе се data-driven, односно носат одлуки базирани на податоци. Затоа им се неопходни Data Science и Business Intelligence професионалци. Овие два профили на вработени се меѓу најбараните во светот за 2020. Тие се насушно потребни за компаниите, а ги нема доволно. 

Зошто кариера во Data Science?

Работни можности

Обучен и талентиран кадар, ставен во контекст на тековниот недостиг на Data Science кандидати на пазарот, е карта кон сигурна работна можност.

Ниска конкуренција

Освен недостигот на обучени Data Science кандидати, мал е и бројот на кандидати кои се одлучуваат за пренасочување кон ова поле.

Огромна побарувачка

Моментумот на Data Science не е само новиот „моден тренд“ на технологијата, индустриите имаат реална потреба од Data Science кадар. Веднаш!

 

Аналитичен ум

Примената на Data Science излегува надвор од рамките на проекти и работни задачи. Аналитичноста која се учи во полето, ги „преспојува“ мозочните виуги кај секој Data Scientist и му помага во различни аспекти и сфери.

 
Разни вештини
Техничките атрибути на еден Data Scientist вклучуваат вештини од аналитика, визуелизација на податоци и предиктивно и дескриптивно моделирање.
 
Работни позиции
Потребата од Data Science во разни индустрии, секогаш продуцира интересни работни позиции. Динамиката, проблематиката и тематиката на овие позиции се привлечни за секој Data научник, а главното мото е: „no two Data Science tasks are the same“.
 

Data Masters академијата, првиот едукативен центар за Data Science во Македонија нуди одлична можност за посетување на нивните обуки со користење на ваучерите за ИТ-вештини, кои ги доделува Владата на лица до 29 години - прочитај повеќе тука.

 

Биди дел од индустријата која го менува светот...

ПРИЈАВИ СЕ!