„Железничката станица во Скопје не добива никакво одржување“ – странски турист со критики за македонската железница
Актуелно

„Железничката станица во Скопје не добива никакво одржување“ – странски турист со критики за македонската железница

08. 05. 2026.

Странски турист на социјалните мрежи сподели серија објави за своето патување со воз низ Македонија, во кои ја критикува состојбата со железничкиот превоз, доцнењата и инфраструктурата.

Во една од објавите, туристот пишува дека железничката станица во Скопје „не добива никакво минимално одржување“, додавајќи дека возните редови речиси не се променети уште од времето на поранешна Југославија.

Услугата е крајно несигурна, а доцнењата надминуваат и повеќе од три часа“, наведува тој.

Во продолжение, туристот опишува и патување кон Гевгелија, каде што пристигнале со повеќе од два часа доцнење.

Тргнавме од Скопје навреме, но возот со кој требаше да се разминеме во Велес доцнеше 40 минути, по што целиот распоред се наруши“, пишува туристот.

Извор:skopjeinfo.mk