Најголемата промена кај горивата што најмногу ги користат граѓаните е кај дизелот, кој се намалува за 2,50 денари за литар и сега ќе изнесува 91,50 денари. Истовремено, ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за по 2 денари, па новите цени ќе бидат 82,50 денари, односно 84,50 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 1 денар и ќе чини 96 денари за литар, додека мазутот бележи мало зголемување од 0,368 денари за килограм, со нова цена од 46,656 денари.
Во споредба со цените од 20 април, кога ЕУРОСУПЕР БС-95 чинеше 80,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 82,50 денари, дизелот 94 денари, а екстра лесното масло 97 денари.
Извор:faktor.mk
