Шок во германската индустрија: По 110 години познатата компанија ќе отпушта работници
Актуелно

Шок во германската индустрија: По 110 години познатата компанија ќе отпушта работници

27. 04. 2026.

Познатиот германски производител на чоколадо Ritter Sport ќе отпушта работници за првпат во својата 110-годишна историја, откако во 2025 година забележа загуба. Први на удар се „административците“.

Управата најави отпуштања во седиштето на компанијата Ritter Sport се наоѓа во близина на Штутгарт, каде, според пишувањата на германските новински агенции, ќе биде укинато приближно секое десетто работно место.

Работењето на компанијата е под притисок поради зголемените трошоци за суровини, особено какаото, но и енергијата и пакувањето, како и значителниот пад на побарувачката.

 

Ritter Sport има околу 1.900 вработени на глобално ниво и веќе најави дека ќе работи на намалување на трошоците и поедноставување на организациската структура.

Во седиштето во Валденбух работат околу 1.000 луѓе, од кои повеќе од 600 се во администрацијата.

Според актуелните планови, управата планира да укине околу 70 административни работни места или по еден вработен на секои 10 ќе мора да најде ново работно место.

И покрај зголемениот приход, компанијата во 2025 година работела со загуба, а оперативната добивка била значително под очекувањата. Главната причина за загубата е наглиот раст на трошоците за суровини, иако конкретни бројки не се објавени.

Приходот, според прелиминарните и валутно прилагодени податоци објавени во јануари, пораснал за 17,7 проценти, достигнувајќи 712 милиони евра.

Сепак, овој раст не бил доволен да го надомести „огромниот пораст на трошоците“, наведува управата.

Извор:faktor.mk