Во извештајот се наведува дека учеството на жените магистри, во вкупниот број лица што стекнале научен степен магистер на науки, во 2025 година е 61.2 %.
Податоците велат дека најголем број од магистерските трудови, 497 или 31.9 %, се од областите на бизнисот, администрацијата и правото, 16.4 % се од областите на инженерството, производството и градежништвото, по што следат општествените науки со 15.3 %, а останатиот дел од областите се со помал процент на застапеност.
Магистри: „Образование 74, Уметнист и хуманистички работи 167, Општествени науки, Новинарство и информирање 238, Бизнис и администрација 497, Природни науки, математика и статистика 74, Информатички и комуникациски технологии 81, Инжењерство и градежништво 256, Земјоделство, шумарство и рибарство 8, Социјална заштита 82, Услуги 81.“
Што се однесува до докторатите, најголем број од лицата, 25.3 %, докторирале во областите здравство и социјална заштита, во бизнис, администрација и право 14.7 %, во инженерство, производство и градежништво 12.7 %, во уметност и хуманистички науки 12.2 %, следат областите општествени науки, новинарство и информирање со 10.2 %, а останатите области се со помал процент на застапеност. Дополнително, 147 жени одбраниле докторска дисертација во текот на 2025 година, што претставува 60 % од вкупниот број лица што докторирале во истата година.
Доктори на наука: „Образование 18, Уметност хуманистички работи 30, Општествени науки, Новинарство и информирање 25, Бизнис и администрација 36, Природни науки, математика и статистика 17, Информатички и комуникациски технологии 6, Инжењерство и градежништво 31, Земјоделство, шумарство и рибарство 6, Социјална заштита 62, Услуги 14.“
Бројот на магистри и специјалисти, во 2025 та во споредба со 2024 година, е зголемен за 0.5 %, но кај докторите по наука има раст од 14 отсто во однос на анализираниот период.
